МИНАТИТЕ ИЗБОРИ 22, СЕГА 33 ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ВО ПРВИОТ КРУГ Голем пораст во гласовите за ВМРО-ДПМНЕ во однос на 2021 година
Имаме пораст и во делот на освоени градоначалнички места во првиот круг, ако во 2021 година имавме 22 градоначалнички места, сега имаме 33, што е за 50% повеќе, со што би освоиле околу 80% од вкупниот број на градоначалници на локалните избори 2021 година, кога освоивме 42 општини вкупно. И тоа, само во првиот круг. 10 спрема 1 е разликата по првиот круг во сооднос со СДСМ, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од локалните избори освои 50% од освоените градоначалнички места кои ги освоила 2021 година, односно со овие резултати во 2021 година би освоила 80% од местата уште во првиот круг, вели Валентин Манасиевски од партиската говорница.
Во соопштение до јавноста Манасиевски ги повика граѓаните на 2 ноември да ја потврдат победата на партијата.
„Со огромната победа на 19-ти октомври, граѓаните направија вистински избор, гласаа за работа, перспектива и иднина. Гласаа за нови улици, нови булевари, мостови и клучки, гласаа за нови градинки, училишта, гласаа за нови паркинг места, нови катни гаражи, гласаа за континуираната поддршка од локалните самоуправи кон граѓаните, преку субвенции за инвертер клими, велосипеди, електрични тротинети, полагање на возачки испити и за поддршка на социјално ранливите категории.
Едноставно кажано, гласаа за квалитет и докажани луѓе, односно за ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните ја препознаа надежта и работата на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, затоа имаме и раст во гласовите од минатите локални избори од 2021 година. Имаме пораст во делот на советничките места од 17,5% или 82 повеќе советници во советите.
Имаме пораст и во делот на освоени градоначалнички места во првиот круг, ако во 2021 година имавме 22 градоначалнички места, сега имаме 33, што е за 50% повеќе, со што би освоиле околу 80% од вкупниот број на градоначалници на локалните избори 2021 година, кога освоивме 42 општини вкупно. И тоа, само во првиот круг. 10 спрема 1 е разликата по првиот круг во сооднос со СДСМ.
Поддршката на граѓаните е од големо значење, но и знак дека избраа вистински луѓе, со визија, проекти и работа, наместо стагнација, криминал и неспособност.
Затоа на 2 ноември, на гласањето во вториот круг, ве повикуваме повторно масовно да излезете и да го дадете својот глас за бројот 9, за ВМРО-ДПМНЕ, за вистинскиот избор, за нови победи во Аеродром, Брвеница, Валандово, Виница, во Дебрца и во Демир Капија, во Дојран и Долнени, Зрновци, Карпош, Кичево, Конче, Кочани и Крушево, нови победи во Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце и Росоман, Чешиново Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари и секако Градот Скопје.
За твојот човек, за твоето место, за твојата иднина!“, вели Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.