Зоран Заев треба кривично да одговара! Овој неурамнотежен политичар на 1 јуни рече дека „вирусот слабее во неговиот ефект“ и со тоа ги изманипулира граѓаните и го релативизираше ризикот од пандемијата, со единствена цел да прикаже лажна „нова нормалност“ за да диктира датум за избори – објави вечерва на својот Фејсбук профил Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додава:
Во меѓувреме ни се случија нови 1580 заразени, и за жал уште 40 нови починати од Ковид-19. Има ли човечност во овој лик?
Никогаш повеќе „вирусот“ Зоран Заев!