МИЛОШОСКИ ЗА ПРИФАЌАЊЕТО НА АВГАНИСТАНЦИ Хуманитарецот Заев на своја сметка нека смести 200 во хотелот „Вила Парк“

1,590

Заев не е способен во Македонија да им помогне ни на семејствата кои имаат лица со посебни потреби, не пак тоа да го прави за граѓани од трети земји, каде немаме ниту амбасада која би дала барем основни безбедносни податоци за бегалците, смета Антонијо Милошоски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој на својот фејсбук профил ја коментираше изјавата на премиерот Зоран Заев дека земјава ќе биде транзит зона за Авганистанци кои треба да заминат во САД.






„Македонија е меѓу посиромашните држави во Европа, и во оваа ескалација со Авганистан, добро е владата да укаже дека солидарноста треба да се демонстрира од страна најбогатите членки на Обединетите Нации, кои имаат и добар систем за образование и интеграција на бегалци. Ако Заев, сепак, сака да глуми хуманитарец, нека не го прави тоа на сметка на народниот буџет, туку нека даде личен пример и нека смести 200 бегалци од Авганистан во хотелот Вила Парк во Струмица, каде ќе им помогне финансиски преку веќе познатиот модел 1€ за Вицето“, напиша Милошоски.

Поврзани содржини