Милошоски: Собранието треба да расправа за бугарскиот меморандум

За него е неприфатливо државен јазик да биде предмет на преговори во рамките на Европската Унија и бугарските позиции ги смета за неевропски.

310

Собранието треба да расправа за бугарскиот меморандум кој се однесува на македонските европски интеграции и да изгради свој став, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Тој, како претседател на Комисијата за надворешна политика, ќе се обиде да го отвори прашањето, но како што рече, се сомнева оти власта нема да го прифати барањето.






За него е неприфатливо државен јазик да биде предмет на преговори во рамките на Европската Унија и бугарските позиции ги смета за неевропски.

Поврзани содржини