Милошоски: Нема да бидеме кочничар, нека свикаат седница, ние ќе гласаме воздржано
Милошоски одговорајќи на прашањето какви мерки предлага ВМРО- ДПМНЕ, тој повтори дека предлагаат специјална државна комисија за справување со пандемијата.
Во текот на вчерашниот ден беше одложена седницата за носењето на закон за заштита на населението од пандемијата, затоа што од ВМРО-ДПМНЕ побараа дополнително време да го разгледа предлог-законот.
На денешната прес-конференција пратеникот Антонио Милошоски ја повика власта да свикаат собраниска седница, и дека ќе присуствуваат да има кворум, но ќе гласаат воздржано. Уште еднаш Милошоски потсети дека опозицијата смета дека тоа нема да придонесе за намалување на здравствената криза.
– Да не излезе дека опозицијата е кочничар, ја повикуваме власта да свика седница денеска на која ние ќе присуствуваме. Ќе гласаме воздржано, но ќе овозможиме овој закон да помине. Уште еднаш повторувам дека сметаме дека тоа нема да придонесе за намалување на бројот на заразени – рече Милошоски.
Одговарајќи на новинарско прашање, каква комисија предлага ВМРО-ДПМЕ, Милошоски рече дека разликата од оваа комисија до постоечката комисија, која што го советува министерот што постоечката комисија е редовна советодавна комисија. Нејзините мерки не се задолжителни. Додека ваква една комисија, која би се утврдила со закон како задолжителна комисија во случај на пандемија, нејзините мерки би биле по кредибилни и би биле задолжителни за спроведување. И на тој начин би се вратил и кредибилитетот на самата комисија која што сега го има изгубено, но би се дал и интегритет на комисијата да не може да биде политизирана и секоја институција да мора да ги спроведува мерките кои што комисијата ќе ги предложи.
Пратеникот Милошоски беше запрашан кои се нивните услови да дадат поддршка на предложените законски измени во собрание и какви здравствени мерки предлага опозицијата.
– Вчера како што соопшти имаше средба помеѓу министерот за здравство и професорот Вело Марковски кои што разговараа на оваа тема каде што беше предложена нашата идеа за формирање на специјална државна комисија за борба против пандемијата но за жал истата не беше прифатена. Тие разговори се случија во текот на вчерашниот ден но за жал немаа позитивен исход – вели Милошоски.
Милошоски одговорајќи на прашањето какви мерки предлага ВМРО- ДПМНЕ, тој повтори дека предлагаат специјална државна комисија за справување со пандемијата.
– Јас повторно би кажал дека ја предлагаме специјалната државна комисија за борба против пандемијата бидејќи таквите стручни лица можат да дадат многу подобри мерки отколку политичарите. Ќе земам само една споредба и како човек и како пред некое време пациент од оваа заразна болест но и како пратеник се чувствувам со многу поголема доверба и сигурност кога ги слушам изјавите на Проф. Др Никола Пановски за разлика од тоа кога ги слушам изјавите на премиерот Заев кој што тврди дека вирусот лебдел и дека со секое движење ние го креваме во воздух. Сметам дека такви паушални изјави, несериозни не се потребни во овој момент кога навистина сме загрозени со пандемијата – одговори Милошоски.