МИЛО ЗА ДРАГО Струга го стави Џо Бајден на црната листа на општината
Сатирична вест на порталот Кооперација
Заострувањето на дипломатските односи помеѓу Општина Струга и Соединетите американски држави (САД), што започна со ставањето на Рамиз Мерко на црната листа на САД, сега го достигна својот пик откако Советот на општината одржа итна седница на која, со апсолутно мнозинство, изгласа забрана за посети на општината за претседателот на САД, Џо Бајден.
Како што дознаваме, забраната стапува на сила веднаш и ќе важи на територијата на цела општина, а покрај Џо, забранет пристап добија и членовите на неговото потесно семејство, додека сите американски граѓани што сакаат да ја посетат Струга, најпрвин ќе мораат да докажат дека не се во сродство со Бајденови, па дури потоа ќе добијат дозвола за посета.
Целата сатирична вест приочитајте ја на следниот ЛИНК.