Милиони деца не примаат други вакцини поради пандемијата со ковид-19
Еден од проблемите е прекинот во синџирот на снабдување. УНИЦЕФ минатата година можеше да дистрибуира само 2,01 милијарди вакцини, наспроти 2,29 милијарди во 2019 година.
Околу 228 милиони луѓе ширум светот, претежно деца, се изложени на ризик од заразување со други болести бидејќи програмите за вакцинација се стопирани поради пандемијата со ковид-19.
Педесет земји низ светот, на пример, не вакцинираат против сипаници, детска парализа или жолта треска, соопштија СЗО и УНИЦЕФ.
Сипаниците беа закана уште пред коронавирусот
Сипаниците беа закана дури и пред пандемијата предизвикана од ковид-19, но сега милиони деца не биле вакцинирани против оваа многу заразна болест.
– Пандемијата ја влоши претходно лошата состојба – рече извршната директорка на УНИЦЕФ, Анриета Форе.
Конго, Пакистан и Јемен се особено погодени.
Еден од проблемите е прекинот во синџирот на снабдување. УНИЦЕФ минатата година можеше да дистрибуира само 2,01 милијарди вакцини, наспроти 2,29 милијарди во 2019 година.
Нова иницијатива
СЗО и УНИЦЕФ покренаа нова иницијатива насочена кон вакцинирање 90% од сите малолетници во светот против сипаници, заушки, рубеола, хепатитис, туберкулоза и детска парализа.
Тоа треба да спречи 50 милиони смртни случаи до 2030 година.
Двете агенции на ООН ги повикуваат побогатите земји и фармацевтските компании да инвестираат повеќе во истражување на вакцините и да ги финансираат кампањите за вакцинација на жителите до кои е тешко да се стигне.