МИЛИЈАРДЕРОТ КУК ГИ ПРОДАДЕ АКЦИИТЕ ВО „ЕПЛ“ Ќе раздаде сѐ до крајот на животот
Кук уште во 2015 година најави дека ќе го предаде целото богатство пред да почине. Оваа пракса на донирање или препродавање акции станува редовна меѓу американските милијардери, како Бил Гејтс и Ворен Бафет кои во 2010 ја направија организацијата „Giving Pledge“ која се залага најбогатите луѓе во светот да вратат или да донираат барем пола од своето богатство назад во општеството до смртта.
Милијардерот Тим Кук ќе го раздаде целото свое богатство до крајот на животот, а за 10 години шефување во „Епл“ по смртта на Стив Џобс тој успеа своите акции да ги продаде истите за 12 пати повеќе од што чинеле во 2011 година – денес тој доби 750 милиони долари, јавува Би-Би-Си.
Тим Кук кој е тежок 1,5 милијарда долари, според Индексот на милијардери на Блумберг, направи „Епл“ да вреди неверојатни 2,5 трилиони долари на пазарот, а само во последните три години акциите пораснале за скоро два пати, односно 191,83 отсто. Освен што успеал да ги продаде, голем дел од акциите Кук ги донирал.
Продавањето на акциите било договорено и потпишано како услов меѓу Џобс и Кук кога Кук дошол на функцијата, а во самиот договор била договорена и награда за Кук доколку направи акциите да пораснат. Па така, дел од заработените пари се резултат на наградата.
Отпрвин, било планирано акциите да бидат распродадени до 2026 година со новиот пакет за плаќање, но тоа се случи многу порано. Кук во добротворни цели донирал дел од акциите, кои вределе скоро 10 милиони евра, а исто толку има донирано и во претходните години. Кук уште во 2015 година најави дека ќе го предаде целото богатство пред да почине.
Оваа пракса на донирање или препродавање акции станува редовна меѓу американските милијардери, како Бил Гејтс и Ворен Бафет кои во 2010 ја направија организацијата „Giving Pledge“ која се залага најбогатите луѓе во светот да вратат или да донираат барем пола од своето богатство назад во општеството до смртта.