Милијардерот го шокираше светот: Основачот на Тесла продава сè што има (ВИДЕО)
Тој најави дека не сака да поседува никаков дом или недвижен имот.
Американскиот милијардер Илон Маск, најголемиот акционер на „Тесла“, основач и извршен директор на компанијата, објави дека ќе продава сè што има.
Тој најави дека не сака да поседува никаков дом или недвижен имот.
Маск ги даде на продажба двете куќи во Калифорнија, бидејќи на „Твитер“ објави дека ќе ги продаде сите негови недвижнини.
I am selling almost all physical possessions. Will own no house.
— Elon Musk (@elonmusk) May 1, 2020
Милијардерот бара 39,5 милиони долари за две вили во „Бел ер“, Лос Анџелес, пренесуваат американските медиуми.
Една од вилите некогаш му припаѓаше на славниот американски актер и комичар Џин Вајлдер. Маск го условува купувачот на таа вила дека не може да ја сруши или „вилата да ја изгуби душата“.
Експертите за недвижнини велат дека Маск направил погрешен потег, бидејќи сега не е добро време да за продажба, бидејќи состојбата на пазарот на луксузни недвижнини се влоши како резултат на пандемијата на коронавирусот.
Маск ги купи двете вили во 2012 и 2013 година за 24 милиони долари. Тие се дел од комплексот од пет куќи на „Бел Ер“ што ги поседува овој милијардер. Пред две години, тој подигна хипотека на тие две вили во вредност од 61 милиони долари.
Основачот на „Тесла“ го шокираше светот не само што објави дека ќе ги продаде сите негови недвижнини, туку и со тоа што објави дека акциите на неговата компанија се преценети.
Tesla stock price is too high imo
— Elon Musk (@elonmusk) May 1, 2020
Веднаш по објавувањето, цената на акциите на „Тесла“ падна за скоро 12 проценти, за да се зголемат малку подоцна, така што дневниот пад беше седум проценти.
Покрај тоа, Маск напиша неколку ангажирачки твитови, барајќи „слобода за народот“, веројатно се осврна на строгите мерки за карантин поради корнавирусот, за кои тој пишува веќе подолго време, и цитирајќи стихови од американската химна и поет Дилан Томас.
Now give people back their FREEDOM
— Elon Musk (@elonmusk) May 1, 2020
Дури и така, Маск многу добро работи од почетокот на годината. Акциите на неговата компанија се зголемија за дури 68 проценти, па богатството на Маск се искачи на 35,9 милијарди долари.