МИЛИЈАРДЕРИТЕ СЕЧИН И УСМАНОВ ОСТАНАА БЕЗ СВОИТЕ ИГРАЧКИ Франција и Германија ги запленија нивните јахти
Јахтата на Усманов чини 600 милиони долари и е најголема во светот.
Двајца руски милијардери останаа без своите јахти. Француските власти соопштија дека, како дел од санкциите на Европската унија поради рускиот напад врз Украина, ја заплениле јахта поврзана со Игор Сечин, извршен директор на рускиот нафтен гигант Роснефт и сојузник на рускиот претседател Владимир Путин. Германија пак ја заплени јахтата на Алишер Усманов.
Француското Министерство за финансии соопшти дека царинските органи извршиле контрола на јахтата „Аморе Веро“ во медитеранското одморалиште Ла Сјота.
Кога француските цариници дошле да ја прегледаат јахтата, нејзиниот екипаж се подготвувал за итно испловување, иако поправката не била завршена, се вели во соопштението.
Јахтата е запленета за да се спречи нејзино заминување.
Во соопштението се наведува дека бродот е во сопственост на компанија чиј главен акционер е Сечин, кој е извршен директор на рускиот нафтен гигант Роснефт.
Германските власти, пак, ја запленија јахтата на милијардерот Алишер Усманов во бродоградилиштето Хамбург Блом- Вос, како дел од напорите на Европската унија да ги казни соработниците на Владимир Путин за инвазијата на Украина.
Јахтата која е долга 512 метри наречен „Дилбар“, вреди 600 милиони долари. За олигархот е изградена од германската бродоградба Лирсен во 2016 година. Таа има зафатнина од 15.917 тони и е најголемата моторна јахта во светот.Нејзината екипа се состои од 96 луѓе. Опремена е со најголемиот базен изграден за вакво пловило, два хелиодрома, сауна, салон за убавина и теретана.
Покрај јахтата, Усманов поседува вили во Лондон, Минхен и Монако.