Милевски: Политиката се вмеша во мерките поради изборите

589

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски за отвореното студио на ТВ 24 изјави дека мерките додека бил карантинот, си го дале очекуваниот резултат во првите шест недели, но дека не можеме повторно да продолжиме со мерките затоа што трпи економијата.

– Како доаѓаше денот за изборите, политиката се вмеша во мерките. Добро е што се закажаа изборите, за да се пресече после изборите, за да се размислува за здравјето, а не за изборите. Потребно е повеќе да се казнува – смета Милевски.






За случајот со трудницата чија изјава дека била во контакт била скриена, тој изјави не можеме граѓаните да ги делат на угледни и неугледни семејства, односно дека не може луѓе да интервенираат за да се кријат записници.

Тој дополни дека се калкулирало со гласачите, граѓаните се во агонија, односно дека уште порано сме требале да имаме избори.

Поврзани содржини