МИЛЕВСКИ ЈА НАПУШТА МИНИСТЕРСКАТА ФОТЕЛЈА Ќе си замине ли од ЛДП?

Ставот против францускиот предлог би можел да го чини сегашниот лидер на ЛДП политичка кариера.

895

Министерот за локална самоуправа и лидер на ЛДП, Горан Милевски наскоро има во план да се повлече од функцијата во владата, а исто така е неизвесна неговата позиција во партијата.

Плусинфо ја потврди веста која вчеравечер се појави во медиумите, а првото што ќе го стори Милевски е да си замине од владата на премиерот Ковачевски, каде го води министерството за локална самоуправа.






Кога станува збор за претседателската функција во партијата ЛДП, сѐ уште е неизвесно, а доколку одлучи да се повлече тоа ќе го стори во декември кога треба да се одржи Конгресот на партијата, но Милевски има сѐ уште време за размислување.

Како што е веќе познато претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски во неговите јавно искажани ставови беше против францускиот предлог во однос на преговорите меѓу Македонија и Бугарија, но тој не доби поддршка од двајцата пратеници кои се дел од владејачкото мнозинство и во собранието гласаа за усвојување на предлогот.

Најголемите недоразбирања во ЛДП биле на релацијата Милевски и пратеничката Моника Зајкова, која важи за блиска до СДСМ.

Неофицијално, најсериозен кандидат за нов лидер на либералдемократите е потпретседателката Моника Зајкова, која е еден од двајцата пратеници на ЛДП, заедно со Боби Мојсоски.

ЛДП под водство на Милевски во неколку наврати беше блиску до целосно напуштање на коалицијата со СДСМ и приближување кон ВМРО-ДПМНЕ но тоа не се случи.

Поврзани содржини