Миленкоски: Галиите се приватна инвестиција, лудило е да се урива без судска одлука!

1,256

Бараме од Град Скопје да не ја нарушува довербата на странските инвеститори, туку да не остави да работиме. Ние не сме виновни ниту за пандемијата, ниту за политиките на бившата власт, ниту треба да трпиме штета поради ветувањето на градоначалникот дека ќе ги руши галиите. Галиите се приватна инвестиција и Град Скопје нема платено ниту еден денар, реагира Жарко Миленкоски, од Сервис Емус АД, откако Градот Скопје денеска почна да ја отстранува првата од трите галии во коритото на Вардар.

„Денес ни дојдоа извршители испратени од градоначалникот Петре Шилегов со цел да го рушат бродот кој е изграден со пари од приватен инвеститор државјанин на Р. Бугарија (без двојно државјанство). Вкупните инвестиции на бугарскиот инвеститор во Македонија се над 40 милиони евра. Инвестицијата во овој брод е над 1.2 милиони евра. Град Скопје нема никакво побарување спрема нас. Ова е приватна инвестиција, Град Скопје нема инвестирано ниту еден денар. На градот му плаќаме по 1.000 евра месечно за концесија. Сé е платено, не должиме ништо! Не е укината дозволата за поставување на урбана опрема, што значи правниот акт врз основа на кој е поставен бродот, е во сила“, вели Миленкоски во писменото обраќање до јавноста.






Тој информира дека во тек се два судски предмети, од кои за едниот, утринава било одржано рочиште,  и дека не може да се руши насила додека нема судска одлука.

„Судот трпи огромен притисок, да не донесе времена мерка, како би се спречило настанување на штета. Затоа една судијка веќе се откажа, а други две веќе неколку месеци не носат решение, се со цел да му се дозволи на градоначалникот да изврши рушење т.е. да направи штета, а потоа да се води судски спор. Ова  е странска инвестиција од бугарски инвеститор. Информирана е бугарската Амбасада и Европската унија. Бараме да ни се гарантира правото на фер судење без мешање и притисок од градоначалникот Петре Шилегов, кој е бивш адвокат и на повеќе наврати јавно го критикуваше судството и судиите. Во текот на целата пандемија имаме пратено неколку писмени барања до Град Скопје на кои ниту еднаш не добивме одговор. Се повикавме на член 9 од договорот каде што изрично е пишано дека Град Скопје ќе овозможи непречено функционирање на објектот. Не добивме никаков одговор. Плативме се’ 100 отсо и по една недела добивме информација дека еднострано е раскинат договорот. Ова лудило, да се прави вака голема штета без судска одлука мора да престане“, вели Миленкоски.

Поврзани содржини