МИЛАН МУ СПРЕМА ОДМАЗДА НА ИНТЕР Икарди во јануари ќе го облече црвениот дрес?
Спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини, веќе стапил во контакт со својот пријател Леонардо и започнале преговорите за селидба на Икарди во Италија.
Италијанскиот прволигаш Милан е во потрага по квалитетен напаѓач, а најголемата желба на „росонерите“ е поранешната ѕвезда на градскиот ривал Интер, Мауро Икарди.
Како што пишуваат италијанските медиуми, токму Икарди од ПСЖ би можел да биде замена за Златан Ибрахимовиќ, кој најверојатно ја игра својата последна сезона во кариерата.
Спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини, веќе стапил во контакт со својот пријател Леонардо и започнале преговорите за селидба на Икарди во Италија.
Аргентинецот не добива преголема минутажа во ПСЖ со оглед на тоа што главни конкуренти му се Лионел Меси, Килијан Мбапе и Нејмар, па токму затоа е подготвен да ја промени средината, а преферира да се врати во италијанската прва лига.
Според италијанските медиуми, Милан најверојатно ќе се обиде уште во јануари да го донесе Аргентинецот на позајмица, но со право на откуп.
Икарди помина неколку сезони во Интер, но оттаму беше „протеран“ поради расправиите што ги имаше неговата девојка и менаџерка Ванда Нара со управата на клубот.