МИЛА РЕЛИЌ СЕ ЗАКИТИ СО ЗЛАТО ВО ИЗРАЕЛ Младата таеквондистка ќе нѐ претставува во Мексико

Ова е прв златен медал за 19 годишната Мила, која по освоениот бронзен медал во Загреб во јуни месец годинава ја докажа својата светска класа.

153

Македонската таеквондистка Мила Рељиќ од клубот Тигри Скопје, викендов освои златен медал во конкуренција сениорки -62 кг на меѓународниот натпревар „Винер Израел Опен“ од Г2 серијата.

На натпреварот турнирот учествуваа повеќе од 270 натпреварувачи од 25 земји во светот меѓу кои и САД, Кореа, Индија, Бразил, Шпанија, Германија, Велика Британија.






Во својата категорија Рељиќ на патот до златото ги победи и репрезентативката на Израел, Наама Биненсток, а во финалната борба со доминација ја победи и бронзената од последните Панамерикански Игри, претставничката од Еквадор Мел Мина.

Ова е прв златен медал за 19 годишната Мила, која по освоениот бронзен медал во Загреб во јуни месец годинава ја докажа својата светска класа.

Тренерот на Мила, Александар Ефтимов најавува и нови успеси, на претстојното Европското клупско првенство од 22 – 26 август во Талин, Естонија, Европското првенство за млади до 21 година кое ќе биде крајот на месец септември во Албанија, како и на Светското првенство во ноември во Мексико.

Поврзани содржини