МИКИ РУРК ОСТАНА БЕЗ ДОМ Сликите од запуштениот дом на пропаднатиот холивудски убавец откриваат вести за неговата тажна судбина
Фотографиите од напуштената куќа на Мики Рурк, со купишта ѓубре и преполно поштенско сандаче, откриваат дека поранешниот холивудски актер останал без постојан дом откако бил иселен поради долг од речиси 60.000 долари.
Поранешниот холивудски заводник и актер кој беше номиниран за Оскар, Мики Рурк, сега се соочува со тешка животна ситуација што ја шокираше јавноста.
Фотографиите од неговиот поранешен дом во Лос Анџелес откриваат запуштена слика што малкумина може да ги остави рамнодушни – ѓубре во дворот, расфрлани картонски кутии и поштенско сандаче полно со неотворена пошта и сметки.
Според достапните информации, Рурк бил иселен од својата куќа пред неколку недели поради неплаќање кирија, а наводно должи речиси 60.000 долари. Уште позагрижувачки е фактот дека актерот, според извори кои го знаат случајот, во моментов нема постојана адреса и е практично бездомник или, како што пишува списанието „Star“: Иселен, банкротиран и сè уште одбива помош.
View this post on Instagram
Куќата каде што некогаш живеел сега изгледа целосно напуштена и сè укажува на тоа дека никој не живее таму долго време.
Мики Рурк некогаш беше една од најголемите ѕвезди во Холивуд, а публиката го памети по неговите улоги во филмови како „Девет и пол недели“, „Борачот“ и „Град на гревот“.
Токму неговата улога во „Борачот“ му донесе нова слава и номинација за Оскар, но се чини дека годините успех се претворија во низа лични и финансиски проблеми.
View this post on Instagram
Тој пред само 3 недели објави пост во кој повторува колку е засрамен затоа што некои „загрижени, непознати лица“ собирале пари за него.
– Мојот адвокат прави се што е во негова моќ секој кој дал од своите тешко заработени пари, да ги добие назад – пишува Мики Рурк меѓудругото, очигледно, премногу суетен за да дозволи да му се помогне.