Епидемијата на коронавирусот во бегалскиот камп во Либан би била вистинска катастрофа. Затоа што тешко може да се одржува физичко растојание во шаторите. Но, многу Сиријци повеќе се плашат од глад, отколку од коронавирусот, објави „Дојче веле“.
Стотици шаторски кампови со сириски бегалци се на патот кон долината Бека во Либан – меѓу нивите и грмушките постојано „никнуваат“ бараки честопати покриени со пластични церади. Исто е и во малиот град Бар Елиас. Војната во соседна Сирија не е далеку. Ова место е оддалечено само 15 километри од границата.
Од 2013 година, Бар Елиас се наоѓа малиот неформален бегалски камп Медиен, именуван по неговиот основач, Медиен ал-Ахмед.
Девет семејства живеат таму во осум шатори. Сите тие се од Кусеир, град во областа Хомс. Тие живеат во бараки изградени на земја. Во зима, кога има повеќе врнежи од дожд целото место е полно со кал, тешко се загрева, а во лето има неподнослива топлина.
– Ние сме деветмина во еден шатор“, вели Медиен ал Ахмед.
Медиен уште се грижи за своите сестри и нивните деца. Тие ги загубија своите сопрузи во војната.
Специјални забрани за излез за Сиријците
Се разбира, тие ги следат правилата за забраната за излегување, која беше воведена од либанската држава заради епидемијата на коронавирусот, но тие не можат да го почитуваат физичкото растојание во еден шатор.
– Многу Сиријци се навикнати да им се забранува излегување. Уште пред кризата со ковид-19, тие беа дискриминирани со произволни забрани за напуштање на кампови – вели Медиен во телефонскиот разговор.
Но, кон средината на мај, на почетокот на кризата со коронавирусот, дојде до друго ограничување на Сиријците. Само едно лице е дозволено да купува за се што е потребно во кампот. Во овој мал камп беше задолжен Медиен. Можеби затоа звучи толку исцрпено.
– Дури и порано, животот не беше лесен. „Но, сега ја изгубив и мојата работа и сè поскапе скоро за четири пати вели тој.
Нема училиште или работа
Медиен ал-Ахмед работел како трговец во Сирија. Војната, сепак, зеде сè од него. Кога дошол во Либан, најголеми грижи му биле неговите деца. Учествувал на многу работилници, организирани од разни организации кои се грижеле за Сиријците во Либан. Тој дури и започна да работи за нив. На крајот, со помош на германска организација, тој постави мало шаторско училиште во самиот камп. Во меѓувреме, училиштето е преместено во единечна, двокатна зграда надвор од кампусот. Така, децата треба да добијат и сведителства што се признаваат во Либан.
Лошата економска состојба во Либан
Економската состојба во Либан е катастрофална и со оглед на тоа што животот практично запре во целата земја, таа дополнително се влошува. Либан де факто банкротираше. Либанската лира со месеци драстично ја губи вредноста. Сириските бегалци главно работат на дневна основа: во градежништво, земјоделство или како чистачи. И токму во тие области работата беше стопирана поради коронавирусот.
И, исто така, постои закон усвоен минатото лето, според кој странскиот труд, а секако и сириските и палестинските бегалци, не можат да работат без гаранција на работодавачот. Од почетокот на корона-кризата, ова стана практично невозможно.
Стигматизација на Сиријците
Исто така, не смееме да ја заборавиме стигматизацијата на која се изложени Сиријците.
– Многумина веруваат дека поради недостаток на хигиенски услови во камповите, тие веројатно ќе бидат заразени со коронавирус од другите – вели Мохамед Талеб
Либанските власти, исто така, придонесоа за стигматизацијата. Во понеделникот (4 мај), претседателот Мишел Аун изјави дека кризата има „три лица“ – покрај короната и економската криза, тој ги обвини Сиријците дека се одговорни за лошата состојба во земјата. Додека за корупцијата не се споменува ниту збор.
Нема заболени во камповите
Сепак, досега не е регистриран ниту еден случај на заболени со коронавирус во сириските кампови во Либан. Ова го потврдуваат Медиан ал Ахмед и Мохамед Талеб. Според универзитетот „Џон Хопкин“, 750 луѓе биле заразени со вирусот во Либан, а 25 починале. Но, не е познато колку нерегистрирани случаи има.
Но, што се случува ако некој во кампот добие симптоми на инфекција од коронавирус? Некои организации, како што се „Лекари без граници“, нудат места за Сиријците во клиниките. Сепак, многумина не се осмелуваат да побараат помош, вели Мохамед Талеб. Бидејќи се плашат дека ќе имаат проблеми затоа што или немаат документите или немаат дозвола за престој. Во вакви случаи, алтернативата за здравјето може да биде протерување.
„Хјуман рајтс воч“ бара од Либан во случај на зараза со ковид-19, Сиријците исто така да добијат помош без страв од можна казна.
„Имаме верба во Бог“
– Најголем страв ми е за здравјето на децата – вели рече Ум Калед, сопруга на Медиен ал Ахмад. – Тогаш можеме да веруваме само во Бог – додаде тивко таа.
Во меѓувреме, Либан ги опушти мерките воведени поради пандемијата. Забраната за излез важи по 21 часот до пет часот наутро. Кафулињата и рестораните можат да работат, но примаат само третина од гостите.
Нормалниот живот исто така полека се враќа во кампот во Бар Елиас, вели Медиен ал Ахмед.
– Луѓето не би можеле долго да ја издржат оваа состојба. Нема пари, а фактот што ништо не се прави е тешко да се поднесе. Сега ние повеќе сме исплашени од гладот, отколку од коронавирусот – вели тој.