Мицотакис негира затворање на границата: Повеќето нема да страдаат од невакцинираните
Премиерот спомена дека има луѓе кои свесно одлучуваат да не се заштитат, но подвлече дека со тоа тие избираат да не ги штитат своите најблиски и дека нивното однесување носи ризик од нов бран.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека земјата нема да биде повторно затворена поради невакцинираните. Тој објасни дека повеќе нема да презема строги мерки затоа што повеќето граѓани ќе бидат вакцинирани.
– Не можам да ја направам вакцинацијата задолжителна, но сега сите си ги преземаат последиците, земјата нема да биде затворена повторно за да заштити неколку невакцинирани лица и нема да дозволиме мнозинството од грчкото население вакцинирано да ја плати цената – вели грчкиот премиер.
Тој наведува дека неподготвеноста за вакцинирање е глобална реалност, а не грчка посебност.
Мицотакис посочи дека, за разлика од претходните фази на пандемијата, кога беа преземени мерки за заштита на јавното здравје, сега има решение. Тој изјави дека Грција сега има вакцини, има одговор на пандемијата.
Премиерот спомена дека има луѓе кои свесно одлучуваат да не се заштитат, но подвлече дека со тоа тие избираат да не ги штитат своите најблиски и дека нивното однесување носи ризик од нов бран.