Мицковски: Со Груби и Османи пописот на дијаспората се претвори во гнaсна политичка кампања за мобилизирање Албанци
Значи со Груби и Османи пописот на дијаспората се претвори во гнaсна политичка кампања за мобилизирање Албанци да се попишат, коментира на Фејсбук активистот Ивор Мицковски.
– Вакво политички мешање и агитирање, користење на институции и позицијата, во суштина веќе го проблематизира пописот. Ако се прави така, тогаш тоа требаше да е институционален пристап и да важи за сите етнички заедници. Вака не наликува на статистичка операција, туку на партиска кампања со етнички предзнак и со злоупотреба и мешање на државни функционери, пишува Мицковски.