„Речиси месец дена од избори во услови на корона. Се отиде на одмор, институции се блокираат заради мекици и лични каприци, дури сега почнува рок од 20 дена за нови преговори за составување Влада.
Има многу реакции и коментари на социјалните мрежи поврзани со денешното доделување на мандатот од страна на претседателот Стево Пендаросовски, речиси еден месец по изборите и на прагот на школската година. На таа тема коментира и колумнистот Ивор Мицковски:
Влада некаде околу септември, никакво решение за почеток на учебната година и како тоа би се извело, со деца и млади кои трајно губат од отсуството од образовниот и општествен процес на настава и едукација.Се бараа брзи избори за брза влада која нуди решенија. Се добија само одложувања, гадни дилови и отсуство на решенија. А, да, и Дино Парк“, пишува Мицковски.