Мицкоски: Заев и Филипче, имате ли совест, знаете ли што ѝ правите на земјата?!

594

Баталете ги дневно политичките мешетарења, луѓе ви умираат затоа што нема слободни кревети, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој на премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче им порача да излезат надвор од стаклената кутија што самите ја создаваат  и да го чујат плачот на народот.

„Прекинете со парадерските прес конференции и решавајте проблеми.






Денес во државата дневно повеќе луѓе умираат во споредба со Втората светска војна. За 4 години, колку што траела тука окупацијата, во војната се губеле 17 луѓе дневно. Денес со оваа неспособна власт бројката е 30 до 40 луѓе дневно.

Па имате ли совест, знаете ли што и правите на земјата. Дајте си оставка и не правете ништо, сигурно така повеќе луѓе ќе се спасат.“, вели Мицкоски.

Поврзани содржини