Мицкоски: Заедничка историја, но откако Бугарија ќе признае посебност на македонскиот народ

898

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за разговорите на историската македонско-бгарска комисија смета дека вчера завршиле без договор по суштинските прашања. Тој истакна дека е можна заедничка историја, но само откако Бгарија ќе признае посебнист на македонскиот народ..

-Ја слушнав идејата за заедничка историја, и јас често пати во минатото сум одговарал на таа тема што подразбираме под заедничка историја. Ако подразбираме под заедничка историја каде што два различни народа, два посебни народа имале во минатото заеднички моменти, а тоа се македонскиот народ борејќи се за своја независна македонска држава и бугарскиот народ борејќи се за својата бугарска држава, тогаш да, можеме да се сложиме со тоа дека имаме во определен период заедничка историја, но откако Бугарија ќе признае посебност на македонскиот народ, којшто во тој историски временски интервал е посебен од бугарскиот народ и се борел за своја посебна независна македонска држава. Се останато е споделена историја или истпретплетени историски факти. Ние да, сме имале заедничка историја со републиките од поранешната држава и народите кои што биле мнозинство во тие републики, но никој од тие не ја негира засебноста на македонскиот народ и засебноста на македонската држава. Доколку некој се труди да стави знак на равенство помеѓу македонскиот народ и бугарскиот народ пред 45-тата година и непостоење на македонскиот народ во тој период тогаш ни под разно не можам да зборувам за споделување односно заедничка историја – рече Мискоски.

Поврзани содржини