МИЦКОСКИ ЗА ЗАЕВ И ШИЛЕГОВ Зајкото му рекол на магарето дека му се големи ушите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Шилегов е единствен градоначалник кој направил мост што завршува во куќа, во дневна соба.

1,314

Слушам дека Зоран Заев го фали Петрета, како Петре бил добар, вреден, најдобар итн. Ме потсетува на онаа народната „Зајакот му рекол на магарето дека има големи уши“. Исти се! Потполно се исти, најлошото што некогаш и се случило на Македонија, нагласи Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Карпош.

Мицкоски додаде дека Заев и Петре  соработуваат заедно во криминалните зделки.






– Ќе ви кажам уште неколку работи зошто Зоран Заев го фали Петре. За тоа што откако чекаа да се крене онаа асфалтна база која што има сопственици, кои што јавноста ги знае, почнаа да ги асфалтираат оние неколку улици кои што најпрвин го гребеа асфалтот, па потоа постилаа нов асфалт. Затоа што криминалниот тендер на Весковски за „Варшавска“ завршува на исто место. За тоа што се збори дека камионите од Струмица, вртат и тука во Скопје. Е заради вакви работи Зоран Заев цело време го фали Петре – рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Шилегов е единствен градоначалник кој направил мост што завршува во куќа, во дневна соба.

– Еден мал Зоран, оној Шилегов е единствен градоначалник кој направи мост што завршува во куќа во дневна соба. Скопје е единствениот град каде се гради мост од Аеродром до Ќерамидница и завршува директно во семејна куќа. Нема друг таков пример, само Петре може да изгради таков мост – рече Мицкоски.
Поврзани содржини