МИЦКОСКИ ЗА МОЖНОТО ОДЛАГАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ Треба да се работи инвазивно и да се соборат СДСМ и ДУИ

Лидерот на опоцизиската ВМРО-ДПМНЕ смета со нови мотивирани луѓе треба да ѝ се даде шанса на државата.

442

Одложување на изборите подразбира одложување на проблемите. Единствен начин да се стави крај на сите проблеми на оваа неспособност и ова политичко мочуриште кое е реалност во Македонија е катастрофата која на следните локални избори ќе се случи на СДСМ-ДУИ, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Гостивар.

– Тие се исплашени знаат дека ќе изгубат на следните локални избори и со тоа ќе се создадат услови за ново владино мнозинство и сега бараат милиони изговори да се одложат изборите. Затоа треба да се делува инванзивно. Тоа е огромна победа со здружената опозиција на локалните избори, ново владино мнозинство, потоа луѓе кои знаат како кои се мотивирани, кои што ќе ги засукаат ракавите и чесно ќе работат за граѓаните и државата, кажа Мицкоски -рече Мицкоски во Гостивар.

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ истакна дека нови луѓе со нова визија се она што ѝ требаат на државата и на граѓаните за да може проблемите трајно да се решат.

– Граѓаните кои не можат да го остварат своето уставно загарантирано право имаат еден проблем, а тоа е Влада на СДСМ и ДУИ. Така што, единствен начин да се надминат сите овие проблеми е да се делува инванзивно, а тоа е победа на здружената опозиција и катастрофален пораз на оваа неспособна власт предводена од СДСМ и ДУИ. Тоа е единствениот начин да се надминат сите проблеми на граѓаните. Доколку и понатаму ги констатираме проблемите или ги додаваме едни на други, а истото решение го одложуваме, тоа не значи и трајно решение – рече Мицкоски.

Затоа, додаде тој, она што е моја порака денеска и она што јас сакам да го кажам е конечниот пораз и конечното решение на сите проблеми на граѓаните е пораз на СДСМ на локалните избори.






 
Поврзани содржини