Мицкоски: Владата и општина Тетово три дена молчат за урбанистичката афера
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека тој бизнисмен го слушавме за време на изборната кампања како споменува провизии од неколку стотици илјади евра, па потоа гледавме дека демантираше, па потоа вели дека ветил 2000 квадрати кога ќе помине ДУП-от
Tрет ден има молк и нема одговор од страна на СДСМ, ниту од општина Тетово, ниту пак од Владата, ниту пак Министерството за транспорт и врски да дадат одговор зошто токму тогаш се случила промената на ДУП во Тетово, со кој се овозможува дополнителна можност за заработка на 200 милиони евра на контроверзен бизнисмен, изјави лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со аферата која ја обелодени потпретседателот на партијата, Александар Николоски.
Мицкоски потсети дека странскиот бизнисмен се слушна како споменува провизија.
– Тој бизнисмен го слушавме за време на изборната кампања како споменува провизии од неколку стотици илјади евра, па потоа гледавме дека демантираше, па потоа вели дека ветил 2000 квадрати кога ќе помине ДУП-от – рече Мицкоски.
Тука, додаде тој, веќе не може да се вадиме дали била оваа или друга Влада затоа што раководството на општината во која се менува овој ДУП и тогаш и во едната и во друга Влада било тоа раководство,
– Па вели како ќе дал провизија од две илјади квадрати, па се споменуваа неколку милиони евра за работа што треба да му биде завршена, а таа работа се завршува веднаш по формирањето на Владата – рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека неколку дена по постигнувањето на коалицискиот договор се менува деталниот урбанистички план со кој што на криминален начин се овозможува да се стекне добивка.
-Но, тоа не е се. Овој интеркоалициски договор предвидува и менување на други детални урбанистички планови. Ќе се прашате зошто коалициски договор помеѓу политички партии предвидува менување на детални урбанистички планови. Затоа што тоа е мафија, а мафија е тесно поврзана со нелегални вредности. Затоа што тука нема никаква врска со политика, а такви детални урбанистички планови и такво менување ќе се слушнете деновиве, тука во строгиот центар на градот и зошто се менувани и кога се менувани и која била целта на менувањето на тие детални урбанистички планови – рече Мицкоски.