Мицкоски со поддршка за Израел: Имаат право да се бранат
Испалувањето на ракети од Газа насочени кон цивилното население на Израел е целосно неприфатливо и дополнително ги зголемува тензиите во регионот.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на Фејсбук објави став за случувањата меѓу Израел и Палестина и го поддржа Израел.
„Внимателно ја следиме состојбата во Израел, значајното зголемување на насилствата, вклучително и постојаниот напад од ракетен оган од појасот Газа кон Израел. Испалувањето на ракети од Газа насочени кон цивилното население на Израел е целосно неприфатливо и дополнително ги зголемува тензиите во регионот. Истовремено го издвојуваме правото на Израел за заштита и одбрана на своето население и територија од нападите на терористичката организација Хамас.