МИЦКОСКИ СО ФОТО ДОКАЗ МУ ОДГОВОРИ НА АХМЕТИ „Басните од 2001 раскажувај му ги на Ковачевски“ (ФОТО)

Мицкоски обвини дека сега Ахмети живее во хациенди во Зајас, додека неговиот колаиционен партнер Димитар Ковачевски од СДСМ „бил дезертер“, алудирајќи на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ дека премиерот се пријавил како неспособен да служи војска.

2,907

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи објави своја фотографија на која се гледа самиот тој облечен во војничка униформа, а со која алудира на тоа дека во конфликтот во 2001 се пријавил како доброволец.

Ова претседателот на најголемата опозициска партија го направи како одговор на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој синоќа во Тетово рече дека Мицкоски конфликтот во 2001 го гледал на телевизија.






Мицкоски додаде дека сега Ахмети живее во хациенди во Зајас, додека неговиот колаиционен партнер Димитар Ковачевски од СДСМ „бил дезертер“, алудирајќи на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ дека премиерот се пријавил како неспособен да служи војска.

„Басните за 2001-ва може Али да му ги раскажува на Димитар Ковачевски. Првиов се храбри од своите удoбни хациенди од Зајас, додека албанскиот народ, исто како македонскиот, гладува. Вториот како дезертер од 2001-ва сѐ ќе му поверува и мора да спроведе, за да прави криминал и тој самиот. Другпат добро нека гледаат и читаат што кажувам, а не да вадат од контекст“, објави Мицкоски.

МИЦКОСКИ ГЛЕДАЛ ВОЈНА САМО НА ТЕЛЕВИЗИЈА Али Ахмети вели дека молчењето е лек

Поврзани содржини