Мицкоски: Следната недела ќе поднесеме предлог за доверба на владата на Заев во Собранието
Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе биде одлично и за Бујар Османи, и за Никола Димтров, и за Зоран Заев да кажат што сработиле и дали заслужуваат доверба или не.
ВМРО-ДПМНЕ следната недела ќе поднесе предлог за гласање доверба на владата до Собранието, најави денеска лидерот на партијата Христијан Мицкоски во изјава за ТВ 21.
Тој рече дека барањето треба да се најде на дневен ред во Собранието една недела потоа. Повод за ваквото барање,како што рече, се искажаните ставови на премиерот Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС.
– Таму во Собранието ќе може да се слушнат аргументи. Тоа ќе биде одлично и за Османи, и за Димтров, и за Заев да кажат што сработиле и дали заслужуваат доверба или не. Да видиме кој што ќе каже, бидејќи силите во парламентот се пола-пола – рече Мицкоски.
Според него сите случувања на политичката сцена предизвикани од однесувањето на Владата предводена од Зоран Заев заслужуваат да бидат дискутирани во Собеанието.
– Сите порази кои се случуваат на македонската политичка сцена, а кои се резултат на незнаењето, или неработата, или ограничените капацитети на одговорните, мислам треба да кулминраат со една постапка во Собрание каде ВМРО-ДПМНЕ заедно со другите опозицскии партии ќе побара дебата за работата на Владата после овие 100 дена, или треба да се расправа за доверба на владата – рече Мицкоски.