Мицкоски: Што содржи анексот од 12 члена кој Владата го крие од очите на јавноста?
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ очекува извинување од Владата и премиерот за обвинувањето за ширење на лажни вести.
Што содржи анексот од 12 члена кој Владата го крие од очите на јавноста?, праша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во статус на Фејсбук. Тој го праша премиерот Зоран Заев и власта, дали ќе се извини ли владата што ширеше лажни вести, и второ,
„Пред три месеци, во Само интервју на Канал 5 телевизија реков дека постои Анекс на Договорот со Бугарија. Тогаш од Заев, неговите немоќни соработници и владината лажлива пропаганда бев нападнат дека ширам невистини.Денес, министер од бугарската Влада потврдува дека постои Анекс од 12 точки кој е даден до македонската Влада, а според информациите со кои располагам е со исклучително лоши позиции за македонскиот идентитет.Оттука, имам две прашања: првото, ќе се извини ли владата што ширеше лажни вести, и второто, што содржи анексот од 12 члена кој Владата го крие од очите на јавноста“, напиша Мицкоски.