Мицкоски: Рушењето не е опција, Универзална е еден од симболите на Скопје

496

Универзалната сала е плод на солидарноста и еден од симболите на Скопје, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски откако се разбранува јавноста по најавата на скопскиот градоначалник Петре Шилегов дека Универзална треба да се урне и на нејзино место да има парк.

– И Скопје не секогаш ги имало најдобрите решенија, но секогаш имало душа и срце за големи работи. Салата не е само објектот, туку и спомените на скопјани и нема роден скопјанец чиешто детство и младост не се поврзани со Универзалната сала. Затоа нејзиното рушење не е опција. Ако некој сака да остави белег во Скопје, тогаш тоа нека бидат работите кои ќе ги создаде за Скопје, а не оние кои ќе ги руши – напиша Мицкоски.






Универзалната сала е плод на солидарноста и еден од симболите на Скопје. И Скопје не секогаш ги имало најдобрите…

Hristijan Mickoski 发布于 2020年7月29日周三

Поврзани содржини