Мицкоски: Предложив вонреден конгрес, Централниот комитет одби
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ како што рече, за разлика од Зоран Заев, самиот предложил вонреден конгрес.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашнагта седница на Централниот комитет предложил свикување на вонреден конгрес, на кој би се извршила промена на раководниот состав на партијата, но неговиот предлог бил одбиен.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ како што рече, за разлика од Зоран Заев, самиот предложил вонреден конгрес.
-Јас на сопствено барање поденсов предлог за вонреден конгерс на кој јас нема да се кандидирам. Но откако ја напуштив просторијата, Централниот комитет едногласно го одби ова мое барање и со тоа ми даде полн легитимитет да раководам со партијата – рече Мицкоски по завршувањето на седницата на Централниот комитет.