Мицкоски: Повикувам на предупредувачки натпартиски протест за да се зачува идентитетот

Протестот ќе се одржи утре во 18 часот и ќе почне од спортскиот центар „Борис Трајковски“ и ќе заврши пред Влада.

741

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил попладневно повика на натпартиски предупредувачки протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на македонскиот идентитет.

Протестот ќе се одржи утре во 18 часот и ќе почне од спортскиот центар „Борис Трајковски“ и ќе заврши пред Влада.






Мицковски, во причините за протестот, пишува дека треба да се одржи сега, за да не биде предоцна.

– Ако нашите дедовци од 1941 до 1944 година се бореле против „администрација” како што манипулира Зоран Заев, тогаш тоа нив ги прави „терористи” и „престапници”, а не ослободители. Не!
Нашата слобода е дело на народната борба против окупаторот, со многу жртви, падови и победи. АСНОМ е вториот Илинден, а Народноослободителната борба е дел од европската борба за слободни народи. Македонија е за пријателство, но пријателството значи взаемно почитување. Ако нема почитување, нема да се разбереме. Да не бидеме неми, да бидеме гласни пред да биде предоцна.
Повикувам на натпартиски предупредувачки протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет – вели Мицкоски во постот на Фејсбук.

„Утре во 18 часот, од СЦ Борис Трајковски до Влада. Протестот, поради запазување на здравјето поради корона кризата, ќе биде со автомобили.Овде не се работи за партии, овде се работи за Македонија, за Илинден и АСНОМ, за она што сме и она што сакаме да останеме.Сега, за да не биде предоцна!“, пишува Мицкоски.

Поврзани содржини