Мицкоски: Ова е тероризам, а не 27 април, Пендаровски да не ги потпишува законите!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го повика претседателот на државата Стево Пендаровски да не ги потпишува законите кои се изгласаа на денешната седница.

2,199

Ова во Собрание е тероризам, а не 27 април, реагираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку својот профил на Фејсбук објавувајќи фотографија како пратеник во скафданер влгува во Собранието.

„Кога законите и правилата не важат за власта. Медиумите пишуваа дека човек почина затоа што немало брза помош, а денес за аздисот на власта и пратеничката има. Крајот брзо ќе им се случи, а ќе има и кривични пријави и одговорност за кршењето на протоколите, законите и Уставот!“, напиша Мицкоски.






Тој најави дека нивната пратеничка група ќе поднесе кривични пријави.

„Пратеничката група на коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави за сите оние кои денес го прекршија законот поради инаетот и фрустрацијата на еден човек, а обвинителството има можност првпат да покаже дека не се робови на Зоран Заев и владиното мнозинство. Правда ќе има со ова или некое друго ослободено обвинителство. Сторителите ќе одговараат, Ви ветувам лично дека тие ќе одговараат од прв до последен“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.

Тој го повика претседателот на државата Стево Пендаровски да застане зад правото и Уставот.

„Претседателе Пендаровски, доста се криеш, бекни нешто. Застани зад правото, законите и Уставот. Тоа што Заев дозволил да биде заложник на Талат Џафери, тоа што пратениците од СДСМ одлучија да бидат слуги на инаетот и фрустрацијата на еден човек, нека биде нивен срам, ти имаш можност барем еднаш да покажеш дека си достоен за функцијата која ја извршуваш и не ги потпишувај законите кои се резултат на оваа седница“, напиша Мицкоски.

 

 

Поврзани содржини