Мицкоски: Одиме на убедлива победа на 15 јули ВИДЕО 

290

 

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ по средбата со коалициските партнери од „За обнова на Македонија“ рече дека добил поддршка и дека заедно ќе извојуваат убедлива победа на изборите на 15 јули.






– Добив едногласна поддршка за изборите на 15 јули каде ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ ќе оствари убедлива победа над актуелната власт. Ги информирав дека прифатени се условите за кои што преговаравме и разговаравме со власта. А, тоа се протоколи за заштита на здравјето на граѓаните и мисија на ОБСЕ/ОДИХР. За нас беше многу важно да се утврдат строги правила за заштита на здравјето на граѓаните со што се овозможи сите ранливи категории, хронично болни опфатени со мерките на претпазливост соодветно да се пријават за гласање и да бидат посетени од ДИК доколку тие одлучат своето право на глас да го остварат од дома. Целосно ќе бидат заштитени при гласањето. И целосно нивното право за глас ќе биде тајно. Така што ги охрабрувам сите и да гласаат гарантирајќи го нивното здравје на денот на избори или деновите пред да се случи 15-ти јули. Што се однесува до останатите граѓани тие ќе можат во безбедни услови да излезат да гласаат на 15-ти јули – рече Мицкоски.

Многу е важно, додаде тој, да има голема излезеност, и што повеќе граѓани да се охрабрат да гласаат.

– Затоа што од нивниот глас зависи судбината на државата и таа е во нивни раце. Тие одлучуваат дали ќе ја променат грдата реалност кон подобро или ќе биде полошо. Изборот е јасен. Изборот е помеѓу кризи кои ги прави власта или обнова која ја нудиме ние. Помеѓу измами и напредок, помеѓу ова раководство на СДСМ и Зоран Заев или Македонија. За сето она што го ветуваме стоиме до последниот збор. И тоа ќе го оствариме. Знам дека и сите останати политичари ова го говорат но видовме дека ова раководство на СДСМ и Зоран Заев не умее да исполни. Изборот сега е помеѓу ова раководство на СДСМ и Зоран Заев кое докажано не исполнува, и Коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО – ДПМНЕ, кое се знае дека работи и исполнува. И знаете дека овој пат го имате мојот личен збор, дека обновата доаѓа – рече Мицкоски.

Силна економија, повисоки плати и пензии, реконструкција на патишта и изградба на нови, гасификација и беслатен приклучок на граѓаните, изградба на болници и многу други проекти вети Мицкоски на денешната прес конференција.

– Следува напорна работа и многу резултати. Власт која нема да биде непријател туку партнер со народот. Подгответе се да бидете сведоци на нов почеток и многу причини зошто ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата  „За обнова на Македонија е различна од СДСМ и Коалицијата „Можеме“. Има зошто да ја подржите ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ – порача Мицкоски.

 

Поврзани содржини