Мицкоски од Штип: Ќе побараме и текстилните работници да се вметнат во шестиот пакет мерки (ВИДЕО)
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе посвети поголемо внимание на малите семејни бизниси.
Идната Влада којашто нормално нема да биде оваа која што е сегашната, да посвети поголемо внимание и поголем фокус на успешните семејни бизнис, заштомалите претпријатија се оние претпријатија што во држави во доменот на нашата Македонија практично го зголемуваат производството и ја зголемуваат економијата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по посетата на фирмата Еко солар во Штип.Тој најави и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе побара при донесувањето на законите од шестиот пакет мерки да се предвидат и мерки за текстилните работници.
– Имавме можност да видиме еден семеен бизнис, еден производен погон кој што навистина успешно работи. И таквите семејни бизнис приказни ги подржувам и во иднина треба идната Влада која што нормално нема да биде оваа која што е сегашната, да посвети поголемо внимание и поголем фокус на таквите успешни семејни приказни посебно во бизнисот и да ги подржува многу повеќе од тоа што денеска го прави. За тоа што малите претпријатија се оние претпријатија што во држави во доменот на нашата Македонија практично го зголемуваат производството и ја зголемуваат економијата -рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска се сретна и со претставници на невладината „Гласен текстилец“ кои го информираа за проблемите на текстилните компании и дека лани повеќе од 7.000 текстилни работници останале без егзистенција, останале без своето работно место.
– Ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе бидеме гласни во Парламентот и во овој следен шести пакет помош мерки кои што треба да бидат исплатени ќе бараме и ќе инсистираме да барањата на текстилните работници посебно бидат вклучени во тој шести пакет. И очекуваме од страната на Владата да не биде лицемерна едно да ветува пред избори, а друго да прави после избори, да го подржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и да бидат и текстилните работници и работнички дел од шестиот пакет мерки кој што ни е неопходен – рече Мицкоски.
Тој информира дека денеска ќе се сретне и со здравствените работници, со образовните работници, а ќе има и неколку партиски состаноци на кои од прва рака ќе се информира за проблемите на граѓаните кои што ги живеат во Штип.