МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА ПОДОБРИ ОДНОСИ СО ГЕРМАНИЈА Трансатлантското партнерство не е само наш приоритет, туку и на Германија и на САД

Премиерот повтори дека САД е стратешки партнер на земјава и дека со победата на сестринската партија во Германија во која има многу пријателски односи ќе се зајакнат односите меѓу Македонија и Германија.

120

Премиерот Христијан Мицкоски очекува зајакнување на билатералните односи со Германија по вчерашната победа на коалицискиот блок ЦДУ/ЦСУ на парламентарните избори. Тој не очекува промена на односите со Берлин поради тоа што земјава е коспонзор на Резолуцијата на САД за Украина.

– Трансатлантското партнерство не е само наш приоритет, туку тоа е приоритет и на Германија и на САД и тука никој не треба да има никаква дилема. Јас мислам дека ова партнерство е гарант за мир секаде во светот, нешто што и на сите нас ни е потребно, вклучително и во Украина и во сите држави во светот генерално. Во тоа трансатлантско партнерство најсилни алки се САД и Германија. Така што тука не треба никој да има дилема – рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.






Премиерот повтори дека САД е стратешки партнер на земјава и дека со победата на сестринската партија во Германија во која има многу пријателски односи ќе се зајакнат односите меѓу Македонија и Германија.

– Со идниот канцелар Мерц се познаваме и од рамките на Европската народна партија и сега се видовме на маргините на Минхенската безбедосна конференција. Ценам дека и досега добрите партнерски билатерални односи во иднина ќе бидат уште поголеми. Ќе ве потсетам, голем дел од големците на ЦДУ од најтесниот периметар на идниот канцелар Мерц доаѓаа кај нас, како што е господинот Баер, кои се наши лични пријатели и очекувам да имаме исклучително добри билатерални односи со Германија и со Владата предводена од канцеларот Мерц – рече Мицкоски.

 

Поврзани содржини