Мицкоски: Ништо од ветингот на Заев, истите сваровски судии кои носат трас трас одлуки станаа негови слуги
Излажаа и за ветингот на судиите, затоа што го држат на краток ланец сваровски и трас-трас судството за да амнестираат криминал, но тоа нема да ги спаси за криминалите, ќе одговараат до последен. Зоран Заев ветуваше ветинг во судството. Ќе потсетам дека тоа минатата година беше главна тема, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
– Јас тогаш реков дека нам пред да ни се случи ветинг во судството, треба да се случи ветинг на политичари, поточно какви и судии да имаме, се додека има некој како Заев кој се јавува по судии и диктира одлуки, ќе имаме криминал кој се амнестира и судии кои се корумпирани. Да ги прочистиме политичарите пред тоа да се направи со судиите. Кога го соопштив тоа, власта ме посипа со лаги дека сум го штител сваровски судството. Гледам пред некој ден министерот за правда рече нема да има ветинг. Значи повторно излажаа. А тоа е така затоа што истите сваровски судии кои носат трас-трас одлуки станаа слуги на Заев и сега не му сметаат. Токму затоа државата ни е најкриминална во Европа – смета Мицкоски.
Тој додаде дека по промената на власта ќе одговараат сите до еден, до последниот кој направил и заштитил криминал. Треба да се стави крај на криминалното мочуриште и на политичарите со тесни врски со судството.