Мицкоски: Направија циркус од државата, се договорија да избега, па да се врати Мијалков ВИДЕО

Само жестока јавна реакција спречи целосно фијаско и бегство, тешка хаварија, за десетици часови го упропастија системот и по којзнае кој пат поплукаа по правдата, рече Мицкоски.

1,335

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва на прес конференција повика власта да престане со циркусот, обвинувајќи дека постои криминална коалиција Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков.

– Ова е веќе циркус, направија циркус од државата. Заев доста е со навредата на интелигенцијата на народот. Денеска стана совршено јасно за секој граѓанин во Македонија дека имаа договор. Прво се договорија да избега, па се договорија да се врати. Со посебен третман со насмевка, со шамар за полицијата, судот, обвинителството. Со шамар за власта, вечерва недостасуваше уште да му се извинат, бидејќи тој им се извини.Тоа е најдобра потврда дека постои криминална коалиција Зоран, Вице и Сашо, ама домашниот есап на пазар не излегува. Само жестока јавна реакција спречи целосно фијаско и бегство. Тешка хаварија, за десетици часови го упропастија системот и по којзнае кој пат поплукаа по правдата – рече Мицкоски.






Поврзани содржини