МИЦКОСКИ НАЈАВУВА ИНТЕРЕСНА РАЗВРСКА НА АФЕРАТА СО ЃУБРЕТО ВО СКОПЈЕ По изборите, собирањето на сметот ќе се нормализира

Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на градоначалниците на Велес, Штип, Кавадарци и на Куманово за поддршката што ја даваа со механизација за чистење на Скопје. Таа поддршка ќе продолжи до сабота, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

939

Ќе има интересна разврска за ѓубрето во Скопје, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали веќе има некаков резултат од ангажманот на институциите што Владата минатата недела ги испрати во контрола во Град Скопје и во „Комунална хигиена“ или ќе се чека Обвинителството да преземе нешто.

– Мислам дека таму ќе има разврска која ќе биде многу интересна да ја следите. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на градоначалниците на Велес, Штип, Кавадарци и на Куманово за поддршката што ја даваа со механизација за чистење на Скопје. Таа поддршка ќе продолжи до сабота – рече Мицкоски.






Откако ќе победи Орце Ѓорѓиевски, додаде тој, и откако ќе се примопредаде функцијата градоналачник на Скопје,  се очекува целата работа де се нормализира.

– Впрочем, имаме и ветување, за 72 часа сметот ќе биде комплетно исчистен и потоа собирањето на сметот ќе биде тековен процес, нема да биде вест – рече Мицкоски.

Поврзани содржини