Мицкоски: Кога Заев зборува за правда е исто како Ал Капоне да вели дека е невин
Мицкоски нагласи дека правда мора да има за секого, без разлика од која политичка партија.
Секаде гласно се зборува за Обновата, сега гласно луѓето повикуваат дека обновата победува. Луѓето се ослободија, народот се ослободи, бранот тргна, доаѓа пораз господа од СДСМ, доаѓа пораз и победува Обновата. Народот си ја враќа државата во свои раце, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг во општина Кочани..
Мицкоски ја прокоментира и изјавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев во која зборува за правда и правна држава.
– Го слушам Заев пред некој ден вели Обнова, па обнова, обнова па обнова, велат човек ликот може да го смени ама карактерот не. Таков е сака да си позајмува без да праша. Има еден збор за тоа. кога го слушам па за тоа кога зборува за правда тоа е исто како Ал Капоне да вели дека е невин. Ете тоа е Зоран Заев којшто ќе дојде овде во Кочани и којшто ќе бара поддршка од вас. Човек којшто со десната се држеше за срцето, се колнеше во најмилото, се колнеше жицата, а лажеше, не ја говореше вистината. Повторно ќе дојде овде и ќе застане пред вас, верувајте тој нема срам и тие што се со него што го подржуваат немаат срам. И повторно со раката на срце ќе ја наведнат главата и ќе ви ветуваат се и се што и се што сакате да слушнете ќе ви кажат. Но после 15 јули јас сум сигурен дека ќе ја немаат таа можност. Единствено нешто што ќе им биде приоритет се скапите возила, кожните фотелји во владата и дебелите персиски килими, луксузот, тендерите во четири очи криминалот и корупцијата – рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека правда мора да има за секого, без разлика од која политичка партија.
– Ние нема да чекаме 3 години, доволни ни се 6 месеци, сиот сомнеж за сторен криминал и корупција ќе биде процесуиран. Правда мора да има од Куманово до Гевгелија, од Дебар до Делчево, секаде во Македонија, Мора да се почитуваат законите и уставот, нема привилегирани луѓе, нема привилегирани политичари, нема привилегирана политичка каста и семејство, без разлика дали си определен или неопределен, без разлика од која политичка партија си. Ако си огрешил пред законите јас ви ветувам ќе сносите последици и санкции за тоа. Мора еднаш за секогаш да направиме држава, а не мајка за малкумина, а маќеа за многумина – рече Мицкоски.
Во однос на проектите од обнова за Македонија, Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на покачување на просечната плата за 25 проценти во еден мандат, покачување на пензиите за 20 проценти, реконтрукција на болници, училишта, спортски сали, 640 милиони евра субвенции за земјоделците и загарантиран откуп на земјодлеските производи.
Имаме план како да дојдеме до минимум 25 проценти повисока плата просечна во еден четиригодишен мандат, се обврзуваме на тоа. Се обврзуваме на минимум 20 проценти повисоки пензии во еден мандат, се обврзуваме на минимум 1000 километри реконструирани локални и регионални патни правци, се обврзуваме на реконструкција на болници, училишта, училишни сали, сте се детално наведени во програмата проект за обнова. Се обврзуваме за минимум 640 милиони евра субвенции за земјоделците, загарантиран откуп – рече Мицкоски.