📷 МИЦКОСКИ И МАКСО СРКНАА ОД ГРАВЧЕТО Мандатарот го посети моторџискиот фестивал во Куманово
„BEARS MOTO ROCK FEST“ традиционало се одржува во јуни на спортскиот аеродром Аџитепе во Куманово.
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и претседател на Двиежење ЗНАМ – За наша Македонија заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше на дегустација на коледарско гравче на фестивалот „BEARS MOTO ROCK FEST“.
„BEARS MOTO ROCK FEST“ традиционало се одржува во јуни на спортскиот аеродром Аџитепе во Куманово.
Во двата фестивалски дена посетителите имаат можност да уживаат во акробациите на вештите уметници, да проследат натпревари, како и да ги гледаат бајкерските игри.
За забавата на најмладите се грижат повеќе аниматори.
Вечерва на главната фестивалска вечер настапуваат повеќе познати музички бендови, како што се: „Бенд Лектира“, „Ноќни путници“, Sakis Divolis Trio, „Електрични Оргазам“. Фестивалот веќе традициоално има посетители од целиот регион.