📷 МИЦКОСКИ И ФИЛИПЧЕ НА ИФТАРСКА ВЕЧЕРА Лидерите на власта и опозицијата кај претседателот на Собранието

Ифтарската вечера беше организирана од претседателот на Собранието, Африм Гаши.

909

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, попладнево се најдоа на иста маса на ифтарската вечера организирана од претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Мицкоски по настанот порача дека овие собири се потсетник за солидарноста, човечноста и почитта кон различностите.






„Денес присуствував на ифтарска вечера. Ваквите собири се потсетник дека вистинските вредности лежат во солидарноста, човечноста и почитта кон различностите што не зближуваат“, напиша тој.

Филипче, пак, истакна дека Рамазанските пости нè потсетуваат на меѓусебната почит и милосрдие.

„Вечерва, на покана на претседателот на Собранието, Африм Гаши, присуствував на Рамазанска ифтарска вечера. Нека празникот Рамазан донесе спокојство, здравје, среќа и бериќет во секое семејство“, порача лидерот на СДСМ.

Поврзани содржини