Мицкоски ги повика Заев и Филипче веднаш да ги ослободат од работа хронично болните и сите над 60 години

824

Црн ден за Македонија. 24 починати од ковид само за еден ден. Министре Филипче, ова не е само бројка. Ова се човечки судбини, загубени вредни луѓе, семејни трагедии, вели Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук и побара да се ослободат од работа сите ризични групи на граѓани поради опасноста од ковид-19.   

„Ве повикувам заедно со Заев веднаш да донесете одлука за ослободување од работа на сите хронично болни во јавниот и приватниот сектор, како и на сите на возраст над 60 години како најризична група. Државата мора да собере сила да го издржи тој товар, бидејќи човечкиот живот нема цена. Да не губиме повеќе време, да ги заштитиме граѓаните, да спасиме што е можно повеќе животи.Затоа што секој живот е важен!“, порача Мицкоски.

 

Поврзани содржини