Мицкоски: Филипче ми призна дека не постои проект за нов Клинички центар
Она што власта сака да го претстави е дека опозицијата ја кочи изградбата е всушност измени на Законот за јавни набавки. Кога го прашав Филипче дали има основен проект ми призна дека нема, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Кога го прашав Венко Филипче дали има основен проект за изградба на нов Клинички центар, тој ми призна дека нема, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот брифинг со новинарите, пренесе Република.
Според него, таков проект не постои, туку има само физибилити студија од триесетина страници.
– Она што власта сака да го претстави е дека опозицијата ја кочи изградбата е всушност измени на Законот за јавни набавки. Кога го прашав Филипче дали има основен проект ми призна дека нема – откри Мицкоски.
Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е новиот Клинички центар да се изгради на постоечката локација, додека во скопската населба Карпош три на просторот до „Румунска болница“ да се изгради ковид-центар.