Од тетовската Брвеница, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средба со граѓаните, порача дека читанката насловена „Проект Обнова“ ќе биде „водилка за Владата и основа за иднината на Република Македонија“, потенцирајќи дека во неа има над 1.000 мерки со кои се опфатени планови, политики и проекти, со цел, како што рече, „да има реформи во секој сектор и за секој граѓанин“.
– Се обврзавме на најмали даноци за бизнисмените во Европа. Зголемување на плати и пензии и многу работи со што се обврзавме дека ќе помогнеме на сите кои сега се чувствувата обесправени и омаловажени – истакна Мицкоски.
Тој упати порака до СДСМ дека ќе престане, како што рече, тргувањето со Гоце Делчев.
– Нема никаква историска комисија во која ќе преговараме дали Гоце Делчев е Македонец. Нема да преговараме за македонскиот јазик. Преку проектот Обнова се обврзуваме дека ние ќе бидеме факелот и огнот кој ќе го расплиме и ќе бидеме чувари на Македонија – потенцираше Мицкоски.