МИЦКОСКИ Е ПОДГОТВЕН НА РИЗИК ДА ПАДНЕ ВЛАДАТА ПОРАДИ „СЕЈФ СИТИ“ Целта е да се спасат човечки животи, а не да се казнува

Податоците велат дека на 23 јануари се регистрирани над 15.000 прекршоци, а на 24 јануари 14.000, како што доаѓа 1 февруари, се регистрираат сè помал број на прекршоци, вели премиерот Христијан Мицкоски.

0

Подготвен сум да понесам ризик дури и да падне владата за проектот „Сејф сити“, категоричен е премиерот Христијан Мицкоски.

Тој вели дека целта не е да се наплаќаат казни, туку да се спасуваат човечки животи.






– Целта не е да се наплатат казни. Затоа што, како прво, има толеранција, ако се вози 5 километри повеќе над дозволеното, нема да има казни. Ако возите повеќе од 10, ќе бидете казнети. Но, повторно ќе кажам целта не се казни, туку да се делува едукативно и превентивно. Ако треба оваа влада да падне за „Сејф сити“, а потоа да дојде друга влада и да го укине и да вози кој како си сака, тогаш во ред, подготвен сум тој ризик да го понесам – изјави Мицкоски во гостување на ТВ21.

Тој рече како доаѓа 1 февруари, кога се очекува и официјално да се почне со изрекување на казни, така се намалува бројот на регистрирани прекршоци.

– Податоците велат дека на 23 јануари се регистрирани над 15.000 прекршоци, а на 24 јануари 14.000. Така што, како доаѓа 1 февруари, се регистрираат сè помал број на прекршоци – рече Мицкоски.

Тој додаде дека во периодот декември 2025 до 26 јануари 2026, споредено со истиот период лани, бројот на загинати во сообраќајни несреќи е намален за 7 лица.

Поврзани содржини