МИЦКОСКИ Е ПАРАЗИТ Од СДСМ побараа да каже колку илјади евра му беше платата во ЕЛЕМ а колку кај Груевски?
Од партијата додаваат дека исто така ниту една електрана, ниту еден стратешки објект за производство на струја во земјава не е изграден додека Мицкоски беше советник и директор на ЕЛЕМ.
Христијан Мицкоски во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски беше претседател на управниот одбор и генерален директор на акционерското друштво Електрани на Македонија. Во тој период Мицкоски беше ангажиран како советник за енергетика на Груевски, вела од СДСМ.
– Мицкоски да каже колку илјади евра му беше платата во ЕЛЕМ, а колку земаше за да го советува Груевски? Јавноста треба да знае колку бил платен Мицкоски, како експерт за енергетика и директор кога без криза струјата поскапе за 100% – прашуваат од партијата.
– Мицкоски како најнеуспешниот директор и претседател на Управниот одбор на некогашен АД ЕЛЕМ за само десет месеци, во периодот од септември 2016 до август 2017 година, од буџетот инкасирал над 1,9 милиони денари или над 31.000 евра. Но тоа не е прв случај каде Мицкоски се богател од парите на граѓаните. Како советник на Никола Груевски и Емил Димитриев за енергетика во периодот од април 2015 до октомври 2016 година, секој месец добивал хонорар од 1.100 евра или за вкупниот ангажман Мицкоски добил околу 20.00 евра пари од граѓаните – велат од СДСМ.
Оттаму додаваат дека исто така ниту една електрана, ниту еден стратешки објект за производство на струја во земјава не е изграден додека Мицкоски беше советник и директор на ЕЛЕМ.
– Ама затоа универзитетскиот професор Мицкоски, кој вели дека живее од професорска плата, си игради хидроцентрали за себе, а за граѓаните не направи ништо – стои во соопштението до владејачката партија.