Мицкоски: Ќе го формализираме тргувањето со криптовалути во полза и развој на земјата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека некаде околу половина милијарда евра можат да бидат приходите директно во Буџетот и во македонската економија, доколку започнеме сега и бидеме практично првенци во регионот со легализација на тргувањето со криптовалути.

1,319

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на промоцијата на концептот „Македонија за сите луѓе“ денеска во општина Карпош зборуваше како за еден мандат може да се достигне  просечна плата од 750 евра, односно 45.000 денари, и како со легализирање односно формализирање на тргувањето со криптовалутите и со имплементирање „Blocкchain“ технологијата може да се пофобрат перформансите на државниот буџет.

– Како наместо да станеме земја извозник на дрога и марихуана, да станеме земја којашто ќе апсорбира капацитет и ќе го легализира и ќе ги апсорбира практично сите можности коишто ги нуди трговијата со криптовалутите, а верувајте ми таа не е мала. Некаде околу половина милијарда евра можат да бидат тие приходи директно во Буџетот и во македонската економија, доколку започнеме сега и бидеме практично првенци во регионот. За „Blockchain“ технологијата малку се зборува во регионот, а во Европа и во светот и во САД е сериозна економска платформа – рече Мицкоски.






Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ има  што да понуди на скопјани, на карпошани, но и на Македонија, посебно на овие две теми.

 

Поврзани содржини