Мицкоски до Заев: Слабо со лекцијата за економија, држете се до лекцијата евро за евро, тука сте најсилен
Ако некој имал дилема каде завршуваат парите кои ги позајмува владата предводена од Зоран Заев пред, за време на избори, но и после избори одговорот е во три збора: криминал, корупција и поткуп.
Ако ги споредиме годините на минатата влада на ВМРО-ДПМНЕ со овие на СДСМ, заклучокот е дека со Владата на Заев се задолжуваме, но економијата паѓа. Разликата помеѓу растот на БДП и растот на јавниот долг во време на ВМРО-ДПМНЕ е 1.292 милијарди евра, а во периодот на владата предводена од СДСМ, разликата помеѓу растот на БДП и растот на јавниот долг е 968 милиони евра, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски..
„Зоран Заев на 7 април 2018 година, во интервју за МИА, ќе изјави: „лекција од економија Мицкоски може да добие кога сака…”. Нешто повеќе од 3 години поминаа од тогаш, ова се резултатите од лекцијата:
Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, период 1 јануари 2007 – 31 декември 2016 година.
⁃ раст на бруто домашен производ: 4,185 милијарди евра;
⁃ раст на јавен долг: 2,893 милијарди евра;
⁃ просечен годишен раст на бруто домашен производ: 3 отсто.
Влада предводена од СДСМ, период 1 јануари 2018 – 31 декември 2020 година
⁃ раст на бруто домашен производ: 0,728 милијарди евра;
⁃ раст на јавен долг: 1,696 милијарди евра;
⁃ просечен годишен раст на бруто домашен производ: 0,53 отсто.
Заклучок: Во периодот од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, разликата помеѓу растот на БДП и растот на јавниот долг е 1.292 милијарди евра, а во периодот на владата предводена од СДСМ, разликата помеѓу растот на БДП и растот на јавниот долг е 968 милиони евра. Во периодот од 1 јануари 2007 – 31 декември 2016 имаме додадена вредност, а во периодот 1 јануари 2018 – 31 декември 2020 имаме одземена вредност. Во периодот од 1 јануари 2007 – 31 декември 2016 се задолжуваме но економијата расте, а во периодот 1 јануари 2018 – 31 декември 2020 се задолжуваме но економијата паѓа.
Ако некој имал дилема каде завршуваат парите кои ги позајмува владата предводена од Зоран Заев пред, за време на избори, но и после избори одговорот е во три збора: криминал, корупција и поткуп.
П.С: слабо со лекцијата за економија, држете се до лекцијата евро за евро, тука сте најсилен, но за кратко…, а потоа следи одговорност“, напиша Мицкоски.