Мицкоски до Власите: Подобри денови ќе дојдат кога оваа ненародна власт ќе си замине
Сакам да изразам надеж дека и во иднина заеднички ќе продолжиме да ја градиме нашата држава, да создаваме иднина за следните генерации, се наведува во честитката од Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод 23 Мај, Национален ден на Власите упати честитка до влашката етничка заедница во која посака добро здравје, многу љубов и многу среќа во семејствата.
„Овој ден е значаен за Влашката заедница бидејќи ја одбележува влашката култура и традиција, слогата и соживотот граден со децении наназад на територијата на Македонија. Власите во Република Македонија секогаш давале придонес во заедничкиот развој и во трасирањето на заедничката иднина. Се надевам дека тешките мигови кои ги наметна оваа ненародна власт во време на економска неизвесност, здравствена криза и несигурност ќе поминат. Подобри денови ќе дојдат кога оваа ненародна и неодговорна власт што поскоро си замине. Сакам да изразам надеж дека и во иднина заеднички ќе продолжиме да ја градиме нашата држава, да создаваме иднина за следните генерации“, се наведува во честитката од Мицкоски.